contact@gotvimesofico.mk

05
сеп

Компири на индиски начин

Ми се мезеше нешто индиско па решив да скоцкам македонски компири на индиски начин! Излупив 2кг компири, ги исеков на полумесеци и ги зачинив со 1 лажица сусамово масло, 2 лажици ладно цедено маслиново масло, 1 лажичка морска сол, малку бибер, ½ лажичка тандури зачин, ½ лажичка кари зачин, ½ лажичка оригано и на крај додадов 10гр кондензирано млеко и едно изматено јајце.

FIC_0593Ги ставив во загреана рерна на 200 степени (без вентилатор) и ги печев 25 минути, потоа уклучив вентилатор и ги печев уште 15 минути.

Немам многу слики од финален производ зошто траеше многу кратко! J Се изеде за 2 минути! Одлични и сервирајте ги топли, секогаш! Еве ќе ви дадам краток совет, готвен компир никогаш не се јаде од денес за утре зошто оксидира и нема никаква вредност и доколку го јадете после 12 часа може да ви предизвика киселини.FIC_0600Одлично јадење, предјадење, мезе… како сакате наречете го, одлично е! На здравје! 😉

Остави коментар