contact@gotvimesofico.mk

26
ное

Колач од бело чоколадо

Види, колачов значи, е нешто најбоље што може да ви се случи како појадок или ужина (кај мене не е чудно ако го кснам и за вечера!) :)

Многу добар рецепт! Се работи за базичен рецепт кој што можете да го надоградувате со што сакате!fic_0036Оди вака:

3 јајца ги матите со 80гр шеќер и 1 лажичка ванила екстракт (или 1 стапче природна ванила). Матите додека не добијат лесна пенаста структура. Во тенџере со дупло дно (на пареа) топите 180гр бело чоколадо (колку ви е поквалитетно чоколадото, толку ви е подобар колачот) заедно со 100гр путер. 

Откако ќе се растопи чоколадото, внимателно, полека го додавате во изматените јајца. Потоа полека додавате 150гр брашно со 1 пакетче прашок за пециво (претходно поминете го кроз цедалка).

Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени, од 20 до 25 минути. 

Овој базен колач е убав и сам по себе, можете да го послужите само со шеќер во прав, а доколку имате идеја слободно накитете го како што ви е кеиф! 😉

Се читаме наскоро! 😉fic_0046

Остави коментар