contact@gotvimesofico.mk

19
фев

Колачи Стапалки

Максо прооде па решив да му напраам колачи стапалки, така си е адетот! :) И веќе коа праам зошто да не го споделам рецептот со вас! 😉FIC_0361Во длабок сад за матење ставете 450гр брашно, 2 лажици мед, 100гр мелени ореви (плус за декорација измелете уште 50гр на страна), 200гр несолен путер, 1 ванилин шеќер, ½ пакетче прашок за пециво, 3 лажици млеко, ½ лажичка цимет. Замесете едно тесто. Отворете го на маса со сукало. Дебелината на отвореното тесто треба да биде околу 5 милиметри.

Ќе си набавите модла стапалка од пазар или од некоја специјализирана продавница за кујнски тракатанци и ќе ги сечете во тестото. Наместо ноктиња наредете половинки од непечени кикирики. :) а и не морате. :) Ја стаив зошо ми изгледаат бесно.

Ги редите на хартија за печење и печете ги на 200 степени, околу 15 минути.

Тоа е тоа, споделете ги со семејството и пријателите,многу се вкусни. 😉FIC_0359

Остави коментар