contact@gotvimesofico.mk

06
апр

Клуб Сендвич си сите нишани

Кога некој ќе спомне каже клуб сендвич мене ми се слуша со ехо… :) Обожавам клуб сендвич!FIC_0161Овој рецепт за клуб сендвич е по моја мерка и многу е добар, ако имате подобар рецепт споделете го со мене! 😉 

Пази добро…

3 тост лепчиња ги печам во онаков амерички тостер кај што рипаат коа се готови! Знаете за што зборам…

Варам јајце. Секое лепче го мачкам со мајонез. На првото редам прво кругчиња од тврдо варено јајце, па ставам два круга домат. Ставам уште едно печено лепче (намачкано со мајонез), и моментално редам шунка (јас користам димена – омилена ми е), 3 парчиња предиплени ко чаршав. :) 

Врз шунката редам 2 парчиња Ајдамер кашкавал (мислам дека во оригиналниот рецепт не се става кашкавал, али мене ми оди па ќе додадам) и врз кашкавалот верувале или не додавам неверојатни 8 крцкаво пржени парчиња димено сланинче. И тука веќе не можам да издржам до првиот гриз! :) FIC_0164Врз сланинчето додавам 2 здиплени ливчиња марула и поклопувам со третото потпечено лепче (намачкано со мајонез).

Како додаток ставам класичен чипс, а ако толку сакате можете да додадете и помфрит – немам ништо против! 😉 

Со кралот на сендвичите оди кралот на соковите и тоа грч ладна Кока-Кола! Мене оваа пијачка и овој сендвич ми се ептен пар! 😉FIC_0159Уживајте во секој залак! 

Остави коментар