contact@gotvimesofico.mk

24
апр

Киш со пршута и тиквици

Киш немав направено којзнае од кога… Денес ќе си ја частам душата си велам…! :)

Идам накај маркет и размислувам како да искомбинирам, тарашкам по интернет комбинации на храна и кога стигнав ми текна!

И така ја расположен, пун себе се упатив накај зеленчукот, кога гледам тиквици на акција, оп! Мора да се мои! :) Купувам 3 комада, купувам 20 ливчиња пршута и идам накај дома. Се надевам дека дома имам се останато што ми треба. Ако нешто ме нервира тоа е моментот коа ти фали нешто за кое што мораш да се вратиш у маркет…! Тука полудувам! :)

Доаѓам дома во сад за месење ставам 250гр брашно, 125гр путер, 1 лажичка сол и 1 јајце. Склопувам тесто за киш и го ставам во стреч-фолија па во фрижидер да се стегне малку.FIC_0002Додека се стега во фрижидер го правам филот. Во сад за матење ставам 4 јајца и една жолчка, додавам 1 шолја павлака за готвење и матам, зачинувам со сол и бибер.FIC_0005Филот го спојувам со миксер и пак се враќам на тестото. Го постилам во модла за киш и рамномерно го мазнам со лажица (многу е битно сегде да биде рамномерно распоредено). Потоа му ставам хартија за печење и го полнам со ориз. Вака скоцкано го ставам во рерна на 200 степени, едно 13 минути. FIC_0006По 13 минути, ја вадам хартијата со оризот и го пуштам уште една минута. Го вадам надвор од рерна и го редам со тиквица (исечена на листови по должина) и пршута тенко исецкана. Го редам така за да добијам голем цвет.FIC_0008Го полевам со смесата од јајца и го ставам да се пече на 180 степени, околу 30 минути (зависи како ви пече рерната, можете да уклучите вентилатор или не).

И добивам чудо од лапанција! :)FIC_0031Ивана, беше излезена со Максо и другарки, и се јавувам и и викам доаѓајте сите кај нас дома, имам клопа! :) Се нацртаа за 10 минути чоече! :) Што ти прави рерна и малку спретни раце… Ех оваа моја чудесна кујна…! :) FIC_0033

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар