contact@gotvimesofico.mk

05
јун

Киш ала Фичо

Искрено не знаев како да го крстам кишов, па го крстив по мене! :) Хахахаха

Си имате работа со многу вкусен рецепт, викајте дружина за да го споделите и почнувајте со готвење, а тоа би одело овака:

125гр путер (ладен) ги мешате со 250гр брашно, додавате 1 јајце (ладно) и ½ лажичка црна хималајска сол, месите да добиете фино (бисквит) тесто.FIC_0253Потоа завиткајте го тестото во пластична фолија и ставете го во замрзнувач околу 20 минути. Додека ви се лади тестото исецкајте една тиквичка на коцкички (конкасе), исецкајте и две зелени (благи) пиперки исто на коцкички и на крај додадете ситно сецкана глава кромид (со средна големина). Ставете ги во тавче и пропржете ги на маслиново масло, значи само ги пропржувате, не ги пржите, доволно е само да добијат стаклест изглед (препорачувам да биде кратко и на силен оган).

Тестото расукајте го и префрлете го во модла, јас овој пат користев обично тавче за печење, а зошо да не… 😉

Згужвајте хартија за печење за да ја омекнете и прекријте го тестото, потоа наполнете го со ориз и ставете го да се пече на 160 степени околу 15 минути.

Потоа извадете ја хартијата и оризот и вратете 1 минута за да фати коричка. Извадете го од рерна, појачајте ја на 180 степени, наполнете го кишот со зеленчукот и наросете го со 60гр ситно мелен пармезан, изматете 3 јајца со ½ шолја млеко и прелејте врз пармезанот.FIC_0268Ставете го кишот да се пече на 180 степени со вентилатор, околу 13 минути, потоа исклучете го вентилаторот и печете уште 5 минути.

Јас сервирав со рендан пармезан одозгора, вие како сакате, многу добро може да оди со топка павлака! Мњам! Пробајте го рецептов и ќе се уверите дека е врвен! Се читаме за кратко… 😉FIC_0281

 

 

Остави коментар