contact@gotvimesofico.mk

10
фев

Кифли

Коа се работи за пецива, секогаш се советувам со мастерот за кифли и погачи – мајка ми! И се јавувам и викам мајко помагај ми се јаде кифли, ми се плаче! И мајка како мајка ми вика: дојди јас ќе замесам, само немој да плачеш! А мене поентата ми е друга и тука се разбираме дека ми треба рецепт за да можам да се изразам… за да не треба и вие да ѕвоните кај мајка ми, јас ќе ви го прераскажам рецептот и ќе ви покажам како мене ми излегоа! :) И се тоа оди вака:

Во 80гр свеж квасец се става 1 лажица брашно (за цел рецепт потребно ви е 1кг брашно), 100мл млако млеко (тотал ви е потребно 500мл млеко) и лажичка шеќер потоа го оставате да се ферментира околу 20-тина минути.

Остатокот од брашното се поминува низ сеалка, се додава 1 јајце и 1 белка од јајце, 100мл зејтин, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер и 1 лажица вински оцет, на крај се додава остатокот од млекото се додава ферментираната смесата од квасецот и се замесува тесто.FIC_0912*Доколку сакате можете триаголниците да ги премачкате со путер за да добиете слоеви слични на лиснати кифли.FIC_0928Го оставате тестото да стаса на собна температура. Потоа го размесувате, го делите на неколку помали топки (околу 8 топки) потоа секое топче се отвара кружно и се вадат триаголници од кои се формираат кифли, потоа кифлите се оставаат да пораснат (второ стасување). На крај се премачкуваат со жолчка (што ви остана од јајцето од кое ја искористивме само белката) и 2 лажици зејтин, се наросува со сусам и оди на печење.FIC_0986Се печат на 200 степени, околу 25 минути (зависи како ви пече рерната).

Добивате кифли за медаља! :)FIC_0962

2 Коментари

Остави коментар