contact@gotvimesofico.mk

11
апр

Кифла корнети

Ми се јавува мајка ми и ми вика: “Тргам накај тебе, имам топ рецепт да ти покажам!” И ете ти ја за 20 минути ѕвони на врата цела у паника мислиш сеа ако не ми го каже рецептот , готово “отиде возот”! Хахахаха

Ја уствари, мангупче веќе ми беше познат рецептот, ама знам дека со учител по готвење како мајка ми, нема шанси да го утнам, па да се нервирам, па да го пробувам неколку пати… Поентата ми е да ви давам рецепти што успеваат од прва!

Мајка ми, ми вика: “Е сеа, ако го сакаш точниот (прецизен) рецепт, ќе частиш една Кока-Кола!”Лети-КокаКолаИ дадов престилка, влеговме во кујна и еве го рецептот!

Потребни состојки:

  • 1кг брашно
  • 60мл зејтин
  • 40гр путер
  • 450мл млеко
  • 50мл вода
  • 40гр свеж квасец
  • 1 ½ лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • Сусам (опционално, за топинг)

FIC_0088Брашното го ставате во вангла за месење (го ставете преку сеалка), отварате дупка во средина, го раскршувате квасецот, од шеќерот ставате малку врз него и додавате малку млеко (млако). Го оставате квасецот (околу 15минути) да се развие.Потоа ги додавате сите состојки и замесувате меко тесто.FIC_0091Го оставате да стаса околу 40 минути. Ако не ви се чека, упалете ја рерната на 40 степени, изгаснете ја, покријте го тестото со фолија и ставете го во рерна, дупло побрзо стасува.FIC_0098Го топчите на 90 грамски топчиња, истите ди издолжувате во вид на црвци.FIC_0102

  • Од хартија правите фишеци, истите ги обложувате со алуминиумска фолија (доколку немате специјални модли, јас имам, меѓутоа направив за да видите како би изгледало

FIC_0107Црвците од тесто ги мотате на фишеците и ги оставате да стасаат уште 15 минути. Разматете едно јајце со малку зејтин, премачкајте ги одозгора и наросете ги со сусам.

Ги редите во плех и ги ставате да се печат 15 минути на 190 степени (со вентилатор) – меѓутоа пак ќе речам, сите рерни се различни, истиве фишеци, мајка ми ги печела кај неа дома на 200 степени, 25 минути (без вентилатор). Значи морате да пратите што се случува во рерната, па на крај краева, затоа и има стакло! ХахахахаFIC_0115Можете да ги наполните со што сакате! Јас имав у фрижиер пилешка крем салата и ги комбинирав со неа, топ излегоа.FIC_0128

FIC_0131Направете ги и пишете ми како ви излегле, поздрав!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар