contact@gotvimesofico.mk

28
авг

Капучино чизкејк

Кога и да ми текне на благо во глава ми се матка чизкејк! Последен пат пробав чизкејк со вкус на капучино и тоа беше неверојатно искуство! Решив да го направам приближно и да го споделам рецептот со вас. По неколку обиди успеав да го направам вкусот што ми остана врежан во меморија! Епа лејдис енд џентлмен повелете рецепт за најдобриот чизкејк што не се пече! 😉

Ќе набавите 330гр од омилените бисквити, јас користев чајни колачи со вкус на карамел! Ќе ги изблендате и ќе ги измешате со 115гр растопен путер (несолен). Ќе добиете смеса која е лесна за моделирање.

Јас користев калап со стега (26цм). Ќе ја распределите смесата од бисквити рамномерно во калапот.FIC_0499Откако ќе ја измазните со лажица ставете ја во фрижидер малку да се стегне.

Додека одмора во фрижидер спремете го кремот. Во сад за матење ставете 450гр крем сирење, 350гр кондензирано млеко, 3 лажици шеќер во прав, 20гр капучино (кое ви е омилено, тоа).

Разредете едно пакетче желатин со 5 лажици вода (мора да проврие) и додадете го во кремот. Изматете го со миксер за да добиете хомогена смеса (јас го зоврев во ѓезве).FIC_0502Наполнете го калапот од бисквити кој ви е спремен во модлата. Вака наполнетиот чизкејк оставете го да се лади во фрижидер минимум 3 часа.FIC_0544Јас го послужив со малини и карамел, исто како што го јадев во Италија. Еј сериозен сум и ќе кажам дека ова е можеби најдоброто благо што сум го пробал во последно време! Не се споредува со ниту еден друг вкус!FIC_0551

FIC_0546

 

2 Коментари

  1. Скоро правев еден „лажен„ чизкејк, ич не беше лош. Капучино си милувам, ама не сум пробала да го додадам во чезкејковите што ги правам. Рецептов ти е супер, само јас да речеме би ја намалила количината на кексите во подлогата. За калап од 26цм, 330 гр кекси е многу. Ако ме послушаш, пробај следниот пат да намалиш за 100 грама, намали ја и количината на путер за да не добиеш намаз, наместо подлога :) а мешавината од стопениот путер и кекси (која изгледа како песок), растапкај ја со лажица по калапот, обложен со хартија за печење. Тогаш кремот ќе си дојде на прво место, наместо подлогата која е посилна и која во овој случај, колку што можам да видам од фотките, доминира. Ако најдеш Speculaas пробај со нив да направиш подлога. Комбинација за милион долари :)

    Кога ќе се вратам дома, правам по твојов рецепт и јавувам впечатоци! :)

    Поздрав! :)

    1. Да се согласувам дека е изводливо да биде потенко тестото. Ама не сакам да си го скратам задоволството што го дава ова превкусно тесто. Излегува одлично. Мада изводливо е и со помалку кекс, па така повлекува и помалку путер. Баш ме интересира како ќе ти се допадне мојов рецепт за чизкејк. Се читаме, поздрав. 😉

Остави коментар