contact@gotvimesofico.mk

07
мар

Канелони со спанаќ и урда

Класично италијанско јадење кое нема шанси да не ти се свиѓа! 😉 Наместо рикота ставам урда за да добијам македонски печат на овој италијански класик, а и од истата причина што на нашиов пазар не се наоѓа Рикота сирење какво што би требало да биде! FIC_0017Прво купувате канелони (ги има сегде дури и во трафики)! :)FIC_0001Во мала вангла ставате 400гр исецкан спанаќ (нормално претходно исчистен и измиен), го мешате со 400гр урда и додавате 1 јајце (добро би било претходно да го изматите), потоа додавате 1/2 лажичка сол и 1/2 лажичка оригано. Смесата ја мешате за да се изедначи.spanakСекоја канелона ја полните и не ми штедите на мастраф! :) Добро набијте го мастрафот! :) kaneloniВо мало тавче за печење како подлога ставете пасата од домати (500мл). Гледајте да биде квалитетна, колку поквалитетна толку помалку вода во неа (обично се продава во стаклени шишиња па лесно ќе забележите дали се одвоила водата од доматот додека стоело на рафт).Domatno pireПотоа ги редите канелоните врз доматното пире, ги полевате со млечна павлака за готвење (200мл) и на крај финиширате со рендање пармезан! И сеа малку си визуелизираш како ќе се растопи пармезанот и ќе го напраи јадењево врвои! :) Ако сакаш можеш и да му изрендаш Ајдамер, али Пармезан си е Пармезан. kaneloni-pred-pecenjeПечеш 15минути на 200 степени без вентилатор и уште 8 минути со вентилатор. И ој си легни другарче! :) :) :) FIC_0010На здравје специјалитетот! 😉 FIC_0013

Остави коментар