contact@gotvimesofico.mk

31
окт

Калцоне за медаља

Пред некој ден ви покажав тесто кое е ново, интересно и во својот состав има кока-кола. И за мене беше нешто ново, меѓутоа го пробав и се изненадив колку е добро. Па така се запрашав дали можам од истото тесто да склопам калцоне пицички! :) 

Две топчиња (секое од по 240гр) ги отварам како за пица и тоа го правам на палента, ги филувам со сенф и кечап (измешано), наросувам со оригано и полнам со моцарела (по 125гр во пица), околу 50гр рокфорд сиренце само за да го добијам мирисот и вкусот на “quattro formaggi” :) додавам по околу 80гр Манчего кашкавал – го обожавам и сметам дека е еден од најдобрите овчи кашкавали што постојат на светов! 

Едно јајце ќе го изматите со вилушка и ќе го премачкате тестото по краевите, во овој случај јајцето го користам како лепак. 

Ги затворате калцонето и по желба правите вез на краевите за да изгледа декоративно. 😉 fic_0371Бидејќи ги отварав тестата на палента сега добивам прекрасна надворешност на калцонето, плус ја премачкувам одозгора со остатокот од јајцето и ставам да се пече на 200 степени околу 15 минути, потоа уклучувам вентилатор и допекувам уште 5 минути ако е тоа потребно (зависи како ви пече рерната). 

Добив фантастични калцоне пици со комбинација на сиренца кои бегаат од шаблонот на “quattro formaggi”, а сепак се одлична комбинација.

Поздрав, се читаме за кратко! 😉fic_0382

Остави коментар