contact@gotvimesofico.mk

26
сеп

Домашни грисини

Овој рецепт ќе ви се најде секогаш кога ќе посакате да бидете креатори на ваши сопствени грицки! 😉

Епа драги мои, имам одличен рецепт за домашни грисини! Пиши! :)fic_0056Во сад за месење измешајте 700гр брашно тип400, 1 прашок за пециво, 250гр маргарин (користете маргарин, со путер добивате скроз различна структура), 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 10гр ким, 300мл светло пиво, 100гр ленено семе, 100гр сончоглед (лупен)… ако сакате можете да ставите какви сакате јатки, експериментирајте, тоа е поентата во готвењето! 😉

Замесете тесто и оставете го во фрижидер да стои 30 минути. Потоа расукајте го на работна површина (дебелина на тестото треба да биде околу 1 сантиметар).fic_0058Исeчете го на половина и поделете го на штангли дебели по 1 сантиметар.fic_0059Секоја штангла извиткајте ја како бургија и наредете ги на хартија за печење. Печете 30 минути на 220 степени.fic_0062Уживајте во овие одлични домашни грицки, изненадете некој…! 😉

Се читаме за кратко, поздрав! 😉fic_0070

Остави коментар