contact@gotvimesofico.mk

04
апр

Домашен Пудинг од Ванила и Бурбон

Се работи за базичен рецепт кој што можете да го употребите и како шлаг за торта! Да, знам дека постојат милион инстант пудинзи, ама вкусот на домашниот не може да го победи ни еден купечки! 😉FIC_0154Епа вака, во тенџере ставате 1л млеко (со 3,2 масленост), му додавате една ипол шолја шеќер и го ставате да проврие. Потоа го тргате од рингла и вадите 2 шолји од млекото на страна. Ги оставате да се оладат. Додека се ладат во друг сад матите (со миксер) 4 жолчки додека не добијат пенаста структура. Откако ќе се олади млекото што го тргнавте на страна му додавате 3/4 од шолја брашно и матите за да добиете густа смеса.

Тенџерето со млекото го враќате на рингла и му додавате 4 жолчки од јајца (пенасто изматени со миксер), матите со жица за да се спојат со млекото. Откако ќе се спојат ја додавате смесата со брашно и матите додека не се згусне во вид на крем. Потоа тргнете од рингла и полека матите за да почне да се лади. Сега додавате 1 лажица бурбон и 3 лажици ванила екстракт (или семе од една прачка). Во некои рецепти сум сретнал дека се додаваат и изматени белки ама мене не ми се свиѓа така. Ако сакате вие можете да ги додадете.FIC_0138Сервирате по ваша желба, јас сервирав со домашно слатко од бели цреши, вафла со мед и некое колаче со чоколадо што го најдов по дома! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар