contact@gotvimesofico.mk

01
дек

Домашен Леб

Нема подобро од тоа да си замесиш леб! Кога би требал да одберам помеѓу купечки и домашен леб, секогаш одбирам домашен! Еве ви рецепт за еден од најдобрите домашни лебови што планирам да ви ги презентирам!

Епа засукајте ракавите и одиме вака:

300гр интегрално брашно (тип 900), измешајте го со 200гр бело брашно (тип 400). Од оваа мера ви излегуваат две векни леб со средна големина. Откако ќе ги измешате двата типа на брашно, додадете им 30гр свеж квасец (растворете го квасецот во млако млеко 50-80мл со ½ лажичка шеќер). Измешајте го квасецот во брашното и додадете 250мл млака вода, додадете околу 1 лажичка сол и 30мл сончогледово масло.fic_0226*Во зима секогаш работете со млака вода, додека во лето се работи со ладна вода. Сето тоа е така заради процесот на ферментација на тестото.

Оставете го да стаса на собна температура околу 30 минути, потоа размесете го уште еднаш и формирајте го по желба. Јас го направив како една голема спирала. Така формирано тестото оставете го да стаса уште 30/40 минути, потоа ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 30/35 минути.fic_0234За вакво лепче се што ви треба е добар путер и квалитетна сол! :)fic_0255fic_0233

4 Коментари

  1. Viktor

    Mnogu ubavo, lebceto navistina izgleda ubavo i vkusno, a sekako e i zdravo. Ama kaj najdovte da go kombinirate so Koka Kola, se sto bese zdravo vo nego go otepavte so secerot i emulgatorite. Pozdravo e da jade covek bel “nezdrav” leb so kiselo mleko ili slicno otkolku super zdrav leb so Koka Kola.

    1. Кока кола е опција. Можете да го комбинирате со кока кола, одлично оди. А секој рецепт е сопствена интелектуална творба, така да секој рецепт можете да го комбинирате по ваша желба. Моите рецепти се вкусни, меѓутоа вие можете да додавате и одземате состојки, можеби ќе дојдете до подобра комбинација. 😉 Поздрав! 😉

  2. marko

    Koka Kola im e sponzor, im dava pari za plata, za web site , za Javen prevoz, za namirnici, ….Mora da ja stavat Koka Kola! I blaga voda da podgotvuvaat pak mora Koka Kola da ja opnat vo kadar.

    1. Кои се тоа ние?! :) Кока Кола е брендот кој ме поддржува во она што го правам и благодарение на нив моите рецепти и совети стигаат до крајните читатели. Како што кажав и претходно, Кока-Кола е избор, во рецептот не пишува дека ви е потребна Кока-Кола (доколку воопшто сте го прочитале).

Остави коментар