contact@gotvimesofico.mk

18
апр

Гвакамоле

Го обожавам овој рецепт! Постојат многу комбинации и рецептури за овој популарен додаток/салата, меѓутоа следниов е проверен и пробан многу пати и скоро секогаш бил победник! А, да и одобрен е од Мексиканец! 

Ќе ви бидат потребни:

  • 1 црвена пиперка
  • 3 авокада
  • 1 лимон (уште подобро ако биде лимета)
  • ½ глава кромид
  • 1 домат
  • 50мл млеко
  • ½ китка магдонос

Пиперката, доматот, кромидот и магдоносот исецкајте ги ситно.FIC_0006Авокадото извадете го од лушпата со лажица (претходно извадете ја семката) и ставете го во стаклен сад. Додадете му сок од еден лимон (или лимета), изгмечете го со вилушка, али немојте во блендер, ќе го направи пире, поентата е да се осети дека јадеме авокадо.

*Секогаш кога ќе бирате авокадо, гледајте да биде меко, созреано. Ако е тврдо ништо од бизнисот! ХахахаFIC_0008Измешајте се комплет, додадете го и млекото и вратете една семка назад во садот. Оваа фора ми ја кажа пријател на мој пријател! Човекот е мексиканец кој живее во Италија, таму го запонзав и форава ми е од него, он вика нашите мајки и баби секогаш оставаат една семка во гвакамолето, за да трае подолго и да ја задри свежината. Па така и јас направив, иако не успеав да видам дали ќе трае подолго, го решивме со жена ми во лет! ХахахаFIC_0010Јас го обожавам со пченкарен чипс и добар филм! На здравје нека ви е! Поздрав!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар