contact@gotvimesofico.mk

25
апр

Бургер од соништата

Кога ќе кажам бургер од соништата буквално вака го замислувам, затоа и му го дадов тоа име! Значи бургер што може женска да фати наместо вас! 😉

Тенки парчиња сланина ја пропржувате во јако загреана тава, кратко! Пред некој ден имав на фејсбук лајф видео со пропржување сланина, таму можете да видите за што зборувам. 😉 – ќе искористите 3-4 парчиња сланина.FIC_0061Лепчето за бургер го сечете на половина (купечко лепче) и го печете од внатрешната страна на маснотијата од сланината. Долната страна од лепчето ја мачкате со барбиќу сос и ја редите со перца од младо кромидче.FIC_0063Купувате 1кг мелено месо од телешка плешка (чисто), го замесувате со 1 јајце, сол, бибер и 10 лажици ворчестер сос. Тајната во добар бургер е добриот замес, го месите едно 15 минути или го ставате во миксер (ако имате статичен) и го месите околу 7 минути. Што викаат старите мајстори за ќебапи: месото треба да скока! :) Потоа формирате плескавица од 180гр и ја печете на јако загреана тава, ќе ја превртувате повеќе пати за да ја задржи влажноста во средината, значи ако бургер не е сочен – тури му пепел! :)

Во истата тава каде што се соковите од месото пропржувате тенки ленти од црвена бабура. 

Плескавицата оди врз лепчето со претходните марифети, па врз неа оди пиперката, па врз пиперката ја редите сланината.FIC_0064*Може ќе слушнете дека месото е најдобро да биде од солени, зреени парчиња, али тоа оставете го на оние кои што заработуваат од бургери. Овој бургер е по едноставен рецепт и секој може да си го направи по дома. Да не ја комплицираме. 

Потоа врз сланината ставате листови од млада марула и одозгора додавате едно купче алфа алфа никулци. На крај затворате со другото лепче кое ќе го намачкате со благ чили сос.FIC_0065Како додаток на овој холивудски бургер јас дополнив поховани прстени од кромид и помфрит! 😉

Епа бургеров е Килиманџаро! :) Шо да не не е од соништа!? :)FIC_0079FIC_0077МЉАЦ! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар