contact@gotvimesofico.mk

27
мај

Брзи Месни Погачици

Вчера седам по дома со фамилијата и жена ми ми вика, ај бе напраи онакви како мафини ама внатре со ќофте! И викам: ајде да пробам! И оп! Излезе лудница рецепт!

Потребни состојки за ќофтиња:

  • 250гр мелено месо
  • ½ китка власец
  • 1/3 китка свежо оригано
  • 1 јајце
  • 25мл ворчестер сос
  • 2 лажици сончогледово масло
  • 2 лажици презла
  • сол и бибер

Потребни состојки за тесто:

  • 1 шолја брашно
  • ½ шолја полента
  • 1 јајце
  • 1 лажичка прашак за пециво
  • 2 лажици сусам
  • ½ лажичка сол
  • 1 шолја јогурт
  • 1/3 од шолја + 3 лажици сончогледово масло
  • сусам за одозгора

Прво ситно го сецкам ориганото и власецот, месото го ставам во иноксен сад за месење и му ги додавам зачинските треви. Додавам јајце, сол, бибер, ворчестер, зејтин и презла.FIC_0048Засукајте ги ракавите и замесете хомогена смеса. Направете ќофтиња, мене ми излегоа 10 (правете ги според посакуваната големина на погачицата, за калапот кој што го имам јас овие ќофтиња беа одлични).FIC_0055Испржете ги од сите страни. Ги пржам јас и поминува Ивана (жена ми) и ми пушта коментар: “жити ќофтињата” (секогаш ми прави така за да ми пушти доза на нервоза, али јас машки издржувам и си цепам со рецептот) :)

Во друг сад измешајте ги состојките за тесто, ќе добиете густа смеса, таква и треба да биде.FIC_0059Во калап за мафини ставете една лажица од смесата за погачици (доволно колку да го покрие дното).FIC_0065Потоа наредете ги ќофтињата во средина и од сите страни затворете со смесата за мафини, на крај наросете со сусам одозгора.FIC_0069Печете во загреана рерна на 200степени (со вентилатор), 13 минути и уште 7 минути печете на 180степени (со вентилатор).

Почна да мириса на магија по дома и оп почна Ивана да се врти во кујна, демек да земе нешто, ова, она… уствари цело време фрла окце на рерната до каде е…! И нормално откако се испекоа, она прва проба! Хахаха И како и секогаш имаше позитивен коментар, зошто Фичо ретко греши!FIC_0080Се читаме за кратко!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар