contact@gotvimesofico.mk

16
апр

Благ Сендвич

Вчера ми се пријаде нешто благо, трчам у маркет влагам и ми текна дека никогаш не сум направил благ сендвич. Пошо најтазе од сендвич рецепти ми е клуб сендвич, решив да направам сендвич кој ќе потсеќа на познатиот “клуб”! 😉FIC_0022Купив јагоди, киви и банани и нормално чоколаден крем. Како обвивка ќе искористам тост леб малку потпечен во тостер.

Мачкам крем убав слој и редам со овошје. Како чипс користам сушени јаболки. Јас имам дехидратор па си ги правам сам, а можете и да си ги купите како готов производ.

Ова не е класичен рецепт туку само идеја на која ви оставам вам да се надоврзете со уште боље и боље благи сендвичи! 😉FIC_0024

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар