contact@gotvimesofico.mk

28
авг

Биг Мек ала Фичо

Има само нешто боље од неговото величество Бургер! Тоа нешто се вика Биг Мек! Нема да должам ќе преминам на рецептот зошто знам како се осеќа секој што чека да го види крајниот исход на ваков бесен бургер! :)

Ќе набавите 400гр мелено Јунешко месо од рамстек и ќе го зачините со ½ лажичка морска сол, 5 лажици ворчестер сос, ½ лажичка црн мелен бибер, 1 чешне ситно исецкан лук, 10гр кечап, ½ лажичка дижон сенф, ½ лажичка сода и 1 јајце. Измешајте со рака се заедно (да добиете хомогена смеса).FIC_0505Оставете ја смесата да одмори едно саат време.

Формирајте 2 плескавици од по 200 и кусур грама, ставете ги во загреано тавче на рингла и пржете ги без зејтин (користете керамичка тава), вртете ги почесто и преливајте ги со сокот што го пуштаат. Додека се спремаат ми текна дека во замрзнувач имам смрзнат полуспремен компир кој што можам да го испечам. Го ставам во рерна на 200 степени и правам печен помфрит! :)

Ситно сецкам мала главица црвен кромид, 2 кисели краставички. Сечам два големи кругови домат и ќе исперам 4 мали листови марула. Марулата секогаш добро плакнете ја со млаз вода (ладна) и исушете ја во крпа, така ќе остане свежа и нема да омекне.FIC_0515Како намаз ќе користам сос направен од 2 лажици мајонез и 1 лажичка крема балсамико, одличен е!

Лепчето за бургер го купив готово од маркет, ќе го исечете и ќе го испечете во истата тава во која ги спремавте плескавиците. Користите три парчиња леб (едно цело и една половина) сите ќе ги потпечете да додобијат крскава коричка.FIC_0509Намачкајте од сосот, ставете марула, па домат, па плескавицата, кромидот и киселите краставички и така уште еден спрат нагоре! :)FIC_0525Овој бургер е наменет за двајца, сам кој ќе го мавне алал да му е! :)FIC_0517

 

Бон апетит! 😉

Остави коментар