contact@gotvimesofico.mk

28
мар

Банички со Компир

Постот уште малце ќе заврши, а мене тек сеа ми дојде инспирација за посни рецепти! :)

Шо да праам? Шо да праам? Банички со компир ќе праам! :)

Купив 500гр кори и 1250гр Компир, а дома имав 1 пакетче сув квасец и зејтин и сол! 😉 

Компирот го изупив и го изрендав, го измешав со 1/3 шолја зејтин и 2 лажички сол. Квасецот го растворив во 150мл млака вода.

Секоја баничка ми е составена од три кори и тоа помеѓу секоја кора попрскувам малку зејтин и од растворот со квасец. Коа ќе дојдам до третата кора ставам мастрав и мотам исто како бурито! Од оваа количина ми излегоа бабачко четири банички и ми останаа уште 3-4 кори. Нив ќе ги чувам да ги смотам со некое овошје… :)FIC_0125На крај одозгора ги премачкувам со маслиново масло, ги редам на хартија за печење и ги пуштам на 200 степени без вентилатор, едно пола саат!

На крај добивам малтене сараевски бурек со компир! Абе шо да ти кажам. Ми дојде и кумот на гости и ги мавнавме по две секој и испивме по 3-4 грч ладни Кок’ Колички! :)

Напрајте ги и уживајте во секој залак! 😉 FIC_0130

Остави коментар