contact@gotvimesofico.mk

26
авг

Артемиде Салата

Овој рецепт го нареков “Артемиде” заради сортата на оризот, токму така се нарекува овој тип на ориз! Специфично е што се произведува со вкрстување на две сорти и тоа “венус” кој е со црна боја и зрно со средна големина и “индика” сорта која е се карактеризира со долгнавесто зрно. Вкусот кој што е добиен е уникатен и единствен!

Овој ориз се готви околу 40 минути, без оглед на додатокот. Во овој случај додаток се неколку зеленчуци, па рецептот би одел вака:

60гр Артемиде ориз го ставате да се пропржи на 25гр путер и 1 лажица ладно цедено маслиново масло (околу 5 минути, константно мешајќи).FIC_0478Потоа додавате 30мл бело мускатно вино. Мускатот ми е одличен во оваа комбинација заради специфичниот мирис кој го ослободува при готвење.

Потоа додавате конкасе исецкан ½ модар патлиџан, ½ морков, 1 чешне лук и 7-8 бамји. Обожавам бамји, штета што сезоната им е кратка.FIC_0473Се заедно готвите околу 35 минути, цело време додавате по 2 лажици вода, се додека оризот не биде ал денте сварен (константно мешате).

Оваа одлична салата со артемиде ориз е вистински деликатес и украс за секоја трпеза! Уживајте во овој превкусен оброк! 😉FIC_0495Се читаме наскоро… 😉FIC_0493

Остави коментар