contact@gotvimesofico.mk

02
сеп

Азиско Пилешко

Решив да си ја частам душата со азиско пилешко! Лесен рецепт, брз рецепт, а превкусен! Аха и да не заборавам, изгледа фантастично и дефинитивно ќе ви ја украси трпезата! 😉

Епа драги мои овој рецепт оди вака:

Ќе исецкате 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка и 1 морков (исецкани конкасе), а една помала китка броколи ќе ја разделите на мали крошни.FIC_0562Во мало тенџерче на рингла ќе ставите да се вари 100гр басмати ориз (околу 12 минути), откако ќе се свари ставете го во цедалка и исплакнете го со ладна вода (оставете го да стои во цедалка додека ја правите наредната припрема).

Во длабоко тавче ставете 2 лажици маслиново масло и ставете да се пропжи ½ глава кромид и 2 чешниња лук (ситно исецкани).FIC_0565По 3 минути додадете ги сите зеленчуци освен брокулата, додадете ½ лажичка морска сол. Пропржете ги додека не добијат стаклест изглед и потоа додадете 50мл бело вино.

Додадете 400гр пилешко (исецкано на тенки шнитови) и динстајте го неколку минути. Потоа додадете ја брокулата и гответе мешајќи додека истата не добие светло зелена боја, потоа додадете го оризот и се заедно мешајте да се спои. Потоа додадете 1 лажичка оригано, ¼ лажичка истолчено семе од коријандер и мелено каранфилче (на врв од лажичка).FIC_0568Гответе околу 5 минути и додадете 40мл соја сос. Пред да сервирате додадете една рака индиски ореви – топ одат во оваа комбинација.FIC_0585Јас сервирав со полукружна модла, така ми се допаѓа…Како прилог додадов краставица, нелупена и со извадена средина. Така ми е повкусна! Врз краставицата цедам ¼ лимон. Воала…! 😉FIC_0586

 

2 Коментари

Остави коментар