contact@gotvimesofico.mk

25
фев

“Админ” Колач (Колач со вишни)

Зошо Админ колач? Е тоа е интересна приказна…

Доаѓам дома, се раскомотувам и проверувам што има по фрижидер (знаеш коа отвараш фрижидер сто пати, а не знаеш зошто), отварам во рерна и оп! Во рерната скриен колач со вишни (а го обожавам). Хммм… Претпоставувам дека Ивана праела колач и сака да ме изненади, ама рецепт не ми побарала (обично бара)… Сечам едно парче без прашање и го кркам набрзинка! :)FIC_0369Отварам компјутерот у меѓувреме и ја фатив! На десктоп зачуван ворд документ крстен админ колач! Одма знам дека тоа не е мој документ, тогајка мора да е нејзин! :)

Колачот беше одличен и рецептот морам да ви го предадам! Го проверив дали е точен со уште еден колач (додека се врати Ивана од работа) и точен е!FIC_0368Е после ја прашав зошо се вика админ колач, тоа уствари они таму имаат некоја група со мајки и рецептов е на Бојана шо уствари ја има скоцкано групата и важи како админ во тие кругови! Ок нивна работа, шо сакаат нека праат, битно колачов е одличен! А рецептот оди вака:

1 шолја шеќер, 2 јајца, 1 шолја јогурт, 2 шолји брашно, ½ шолја зејтин, 1 ванилин шеќер, ½ пакетче прашок за пециво, цимет по вкус, 500гр вишни.

*1 шолја = 250мл

Јајцата и шеќерот се матат додека не се спојат перфектно. Потоа се додаваат останатите состојки и се мати додека не добиете хомогена смеса. Тавата ја мачкате со путер (убаво од сите страни). Ја сипате смесата и одозгора ги ставате вишните (претходно добро исцедени од сокот).

Печете во загреана рерна на 180 степени, од 30 до 40 минути.

Лесен колач што може да биде и појадок и вечера! 😉

Остави коментар